15-та Школа за млади лидери на Претседателот Иванов
🕊️ „Лидерство за мир“
Меѓународната обука за млади лидери на проф. д-р Ѓорге Иванов, Претседател на Република Македонија 2009-2019, традиционално се одржува од 2010 година. Вкупно, во досегашните 13 обуки, учествуваа над 500 млади луѓе од целата земја и од странство, со различен академски и професионален фокус. Пред тринаесетте генерации учесници на Школата за млади лидери, предавања одржаа над 300 реномирани предавачи од Република Македонија, Европа и светот. Во 2018 година, Школата за млади лидери е прогласена за најдобар социјално одговорен проект во Европа за 2017 година од страна на Светскиот инвестициски форум на бизнис ангели.
🌍🎓 МИСИЈА
Мисијата на школата е да ги стимулира позитивните вредности кај младите лидери и идни политички, културни и економски предводници на нашата земја, но и да го развие нивниот капацитет за справување со глобалните предизвици, меѓународната конкуренција и културните и религиски различности.
🗣️💼 ПРОГРАМА
Програмата е намената за млади луѓе со завршено високо образование до 35 години, дипломирани студенти и професионалци со работно искуство. Учесниците треба да имаат желба континуирано да ги развиваат и усовршуваат нивните лидерски вештини и да придонесуваат за позитивен развој на општеството и околината во која живеат и работат. 15-тата Школа за млади лидери ќе се организира во периодот 1-13 октомври 2024 година.
💡 СОДРЖИНА
Како активности во програмата на Школата се планирани:
- интерактивни предавања од реномирани предавачи и говорници од земјата и од странство,
- панел дискусии,
- работилници
- тренинг обука за меки вештини
- тимска работа на проектна задача.
Програмата е прилагодена да одговара на потребите на младите генерации и да обработува теми кои се од особен интерес за нив.
Оваа година програмата на школата треба да одговори на прашањата како образованието и лидерството можат да бидат трансформатори и катализатори за позитивни промени и иновации.
Со планираните активности во програмата сакаме да ги поттикнеме и охрабриме младите учесници да размислуваат аналитички и да дејствуваат како лидери. Да иницираат промени и да ги предводат, да стекнат самодоверба, да ги развиваат своите вештини, да ја поттикнуваат својата креативност, да одговараат подготвено и да иницираат решенија за предизвиците со кои се соочуваат и да вложуваат во својот професионален и личен напредок.
🌟✌️ ОПШТА ТЕМА
Оваа година, програмата на школата ќе ја нагласи важноста на лидерството во промовирањето на мирот и единството во нашите заедници и пошироко. Програмата е дизајнирана да ги охрабри младите лидери да ги прифатат своите улоги како агенти на позитивни промени и застапници за мир. Преку различни активности и дискусии, учесниците ќе истражуваат како ефективно лидерство може да придонесе за решавање на конфликти, да го поттикне разбирањето и да изгради мостови меѓу различните заедници. Со зајакнување на младите лидери со вештини и знаења да водат со сочувство и интегритет, Школата за млади лидери има за цел да негува генерација посветена на создавање помирен и похармоничен свет.
🗓️🏨 ДАТУМ и МЕСТО на одржување
Програмата на 15-та Школа за млади лидери на претседателот Иванов се организира комбинирано, онлајн и во Охрид.
Во првиот дел, од 1-4 октомври 2024 година, предавањата ќе се одржуваат онлајн, со активности предвидени за време на работните денови по 17:00 часот.
Вториот дел, од 5-13 октомври 2023 година, ќе биде со целодневна програма и ќе се одржи во хотел „Инекс Олгица“ во Охрид.
🙋♂️🙋♀️ КОНКУРС ЗА УЧЕСНИЦИ
Конкурсот за 15-тата Школа е отворен. 🚀
Аплицирајте на следниот линк: https://youngleaders.com.mk/mak/apliciraj/
Краен рок за аплицирање: 30 јуни 2024 година.