Успешен 3. ден на 13. Школа за млади лидери на Претседателот Иванов
Предавањата се одвиваа на платформата Zoom. За модерирањето на сесиите беше задолжен Даниел Ѓоќески.
Првото предавање беше на тема „Психолошките аспекти на моралот и етиката“ на која говореше проф. д-р. Атанас Кирјаковски, асистент професор по психологија на Меѓународниот балкански универзитет. Професорот Кирјаковски направи темелен осврт на психологијата на моралот и етиката како посебни филозофски концепти. Преку својата презентација, професорот пред учесниците јасно ги дефинираше клучните поими и поделби на овие концепти и посочи одлични примери кои служеа за согледување на психолошките аспекти на моралот и етиката.
Во вториот дел од денешните активности проф. д-р Викторија Трајков, професор по политички маркетинг на Универзитетот за туризам и менаџмент одржа кратко, но одлично конципирано предавање на кое им ја презентираше задачата на која ќе работат во текот на Школата, а потоа продолжи со учесниците со работа во групи. Веќе формираните групи ќе продолжат да работат заедно на следните интерактивни предавања на проф. Трајков која уште во два наврати ќе биде дел од Школата за млади лидери.