Ден 12 – Завршни предавања на 14-та Школа за млади лидери и Сесија за впечатоци

На завршниот ден од Школата за млади лидери на претседателот Иванов, пред завршната церемонија, учесниците имаа три предавања и една сесија за впечатоци.

Учесниците имаа задоволство прво да го проследат предавањето што го одржа д-р Рашела Мизрахи, пратеник во македонското Собрание. Со споделување на нејзината лична приказна, таа ги мотивираше учесниците никогаш да не се откажат од своите визии, желби и цели.

Веднаш потоа, д-р Александар Митов, експерт за јавно здравје и поранешен учесник во првата група на Школата за млади лидери, ја сподели својата перспектива за изразување на лидерските вештини. Тој ја истакна важноста од поседување на овие вештини и разговараше за тоа како лидерот треба да дејствува и во лични и во професионални средини.

Како последен предавач, пратеникот во Собранието на Република Македонија, професор на Правниот факултет во Скопје и претседателски кандидат на претседателските избори во 2019 година, проф.д-р Гордана Силјановска Давкова, даде исклучителен увид во различните аспекти на лидерството, испитувајќи ги и од професорска и од политичка гледна точка, и темелно се осврна на прашањата поставени од учесниците на Школата.

Сесијата за впечатоци на крајот на програмата се одржа со цел за кратко сумирање на клучните компоненти на школата и вклучуваше: евалуација на програмата, евалуација на организаторите, евалуација на предавачите и потпишување на книгата за впечатоци.


Други објави

Ден 11 – Предавање, програма посветена на 100-годишнината на Турската

На единаесеттиот ден од Школата за млади лидери на претседателот Иванов, програмата се содржеше од предавање, програма посветена на 100-годишнината од Турската Република и Ораторска…