Ден 11 – Предавање, програма посветена на 100-годишнината на Турската Република и Ораторска вечер

На единаесеттиот ден од Школата за млади лидери на претседателот Иванов, програмата се содржеше од предавање, програма посветена на 100-годишнината од Турската Република и Ораторска вечер.

Д-р Иван Радев, од МАНУ, филолог, лингвист и преведувач од кинески јазик го одржа првото предавање на тема „Конфучиевата теорија на образованието“.

Денот продолжи со програма посветена на 100-годишнината од формирањето на Република Турција. Во таа чест, пред присутните најпрвин се обрати претседателот Ѓорге Иванов, а потоа свои излагања имаа гостите: координаторот на канцеларијата на ТИКА во Скопје, г-дин Мехмед Бајрак, професорите Али Фети Окјар и Илким Буке Окјар од Универзитетот Једитепе во Истанбул. д-р Енис Реџеп, професор на Европскиот универзитет во Скопје. Во име на Фондацијата Мармара од Истанбул зборуваше и г-дин Огужан Џејлан, кој е и еден од учесниците на овогодинешната Школа. Овој дел од програмата го модерираше г-дин Исмаил Алији.

На крајот на денот, учесниците беа дел од Ораторската вечер на која одржаа пригодни говори во кои зборуваа за нивните животни приказни и како тие го гледаат лидерството како човечка особина.


Други објави