Ден 7 – Посета на Универзитетот во Охрид и предавања

На седмиот ден од Школата за млади лидери на претседателот Иванов, учесниците го посетија Универзитетот во Охрид каде проследија предавање, а потоа продолжија со програмата во хотел Инекс Олгица во Охрид.

Седмиот ден на Школата започна со посета на учесниците на Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ во Охрид.
Професорот Анис Сефиданис, кој е и предавач на Школата, заедно со Деканот на Универзитетот, проф. д-р Горан Шибаковски беа наши одлични домаќини.
За време на посетата на учесниците на Школата за млади лидери и студентите на Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“, следуваше предавање што го одржа д-р Исмаил Серагелдин, основач директор на новата библиотека во Александрија, Потпретседател на Светска банка 1993-2000 година; Покровител на Меѓународниот научен совет (ISC); Копретседавач на Меѓународниот центар Низами Ганџави, на тема „Наследството на Александар Македонски“.

Денеска учесниците на Школата за млади лидери имаа можност да ги проследат и предавањата на двајца професори од Универзитетот во Тексас – Тајлер од САД, проф. д-р Колин Снајдер, доцент по историја на Латинска Америка и проф. Томас Гудеријан, професор по антропологија.
Со своите предавања професорите Снајдер и Гудеријан успеаја да предизвикаат голем интерес кај учесниците на Школата, им беа поставени повеќе прашања од нивните научни области.
Школата за млади лидери на претседателот Иванов има навистина ретка можност со Универзитетот во Тексас – Тајлер од САД, преку потпишувањето на меморандумот за соработка, партнерски да ги изгради капацитетите на сегашните и сите идни генерации на Школата.

Други објави

Ден 11 – Предавање, програма посветена на 100-годишнината на Турската

На единаесеттиот ден од Школата за млади лидери на претседателот Иванов, програмата се содржеше од предавање, програма посветена на 100-годишнината од Турската Република и Ораторска…