Ден 2 – Онлајн сесии

На вториот ден од 14. Школа за млади лидери на претседателот Иванов, имаше три онлајн сесии, предавање со вовед во задачата за групна работа, предавање, а потоа, сесија на Асоцијацијата на алумни на Школата – ИСЛАА.

Проф.д-р Анис Сефиданис, професор на Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ во Охрид, се осврна на темата на овогодинешната Школа преку нејзините научни аспекти и воедно ги запозна учесниците со групната проектна задача што ќе ја работат. за време на Школата.


Вториот предавач денеска беше проф. д-р Невенка Димитрова, лидер во истражување на податоци од областа на биомедицината, која ја сподели својата успешна животна и професионална приказна и преку нејзиниот пример успеа да ги мотивира учесниците да инвестираат во своето знаење и да ги градат своите квалитети преку постојана работа на себе.


На крајот на успешниот ден своја презентација имаше и Алумни Асоцијација Иванов Школата за лидери – ИСЛАА на која беа презентирани завршените проекти и идните планови и задачи кои ќе се реализираат. Воедно, кратки излагања имаа и членовите на ИСЛАА, Ирена Ангеловска, Габриела Робинс, Дејан Милошевски и Гордан Јорданов.


Други објави

Ден 11 – Предавање, програма посветена на 100-годишнината на Турската

На единаесеттиот ден од Школата за млади лидери на претседателот Иванов, програмата се содржеше од предавање, програма посветена на 100-годишнината од Турската Република и Ораторска…