Свечено затворање на 13-тата Школа за млади лидери на Претседателот Иванов
На 29 септември 2022 година се одржа свеченото затворање на 13-тата Меѓународна обука за млади лидери на Претседателот Иванов во хотелот Инекс Олгица во Охрид.
Тринаесеттата Школа за млади лидери на Претседателот Иванов, на тема „Морално лидерство“, се одржа во периодот 16-30 септември 2022 година во комбинирано издание, онлајн и во живо. Свеченото отворање се одржа на 16 септември 2022 година во Хотел Double Tree by Hilton во Скопје, по што следеа онлајн предавања во периодот од 17-23 септември 2022 година. Од 25-29 септември 2022 програмата продолжи во живо во едната во Скопје и втората сесија на свечено затворање во Охрид.
Претседателот Иванов ја затвори 13-та Школа за млади лидери на темата „Морално лидерство“. На сесијата на свечено затворање, покрај Претседателот Иванов се обрати и поранешниот Претседател на Чешката Република, Вацлав Клаус, кој воедно во текот на денот одржа и предавање за учесниците на школата. Претседателот Иванов на учесниците кои ја следеа целата програма и успешно ја завршија школата им додели сертификати, а на поддржувачите и ко-организаторите им додели благодарници. Школата успешно ја завршија 37 учесници од Македонија и од странство, кои имаа можност да следат предавања на дваесетина предавачи од Македонија и од странство.
На свеченото отворање на школата се прочита поздравно писмо од Неговата Светост Папата Франциск кое беше упатено до учесниците, а беше на темата на овогодинешната школа, морално лидерство. На свеченото отворање се обратија и Бискупот монс. д-р. Киро Стојанов, Градоначалникот на Ново Село Ѓорѓе Божинов, маестро Симон Трпчевски.
Во текот на 13-тата Школа за млади лидери предавања за учесниците одржаа: Вацлав Клаус, поранешниот Претседател на Чешката Република, Денис Илиќ, Претседател на Ilitch Enterprises; Ендру Пејкоф Јуниор, Претседавач на компанијата Niagara Bottling, Сани Шенер, главен извршен директор и Претседател на „ТАВ Аеродроми“; Еџе Чифтичи, Претседател на бордот на SocialBen Foundation; Есер Џевахир, член на Бордот на Џевахир; Кордел Картер, Извршен директор на Институтот Аспен; проф. д-р. Томас Гудерјан, професор по антропологија на Универзитетот во Тексас; проф. д-р. Роберт Стеркен, професор по политички науки на Универзитетот во Тексас; Гозде Диздар, Основач и Извршен директор на GD Global; амбасадор Зоран Дабиќ, поранешен амбасадор на РМ во ОБСЕ, НАТО; проф. д-р Викторија Трајков, професор по политички маркетинг на Универзитетот за туризам и менаџмент; Рашела Мизрахи, пратеник во Собранието на Република Македонија; д-р Александар Митов, експерт за јавно здравје; Зоран Костовски, Директор на компанијата за деловна едукација, менаџмент консалтинг, образование и обука „Мотива“; Ацо Момчиловиќ, ко-основач на Global Al Ethics Institute во Хрватска; проф. д-р Атанас Кирјаковски, професор по психологија на Меѓународниот Балкански Универзитет.
Во програмата беше вклучена и посета на Општина Охрид каде на учесниците им се обрати Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков. Една од активностите за учесниците беше работа во групи на проект за дигитално решение за промоција на туризмот во Охрид, а финалните проекти беа презентирани пред Градоначалникот на Охрид, со можност за натамошна имплементација на најдобриот проект.
Се реализираа и три панели кои ја обработуваа главната тема од различни аспекти. Учесници на трите панели беа: д-р Коста Милков, Претседател на Балканскиот институт за вера и култура; проф. д-р Милан Ѓорѓевиќ, професор на Теолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“; проф. д-р Али Пајазити, професор на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово; Рашела Мизрахи, пратеник во Собранието на Република Македонија; д-р Александар Митов, експерт за јавно здравје; проф. д-р Атанас Кирјаковски, професор по психологија на Меѓународниот Балкански Универзитет; амб, Јован Донев, поранешен амбасадор на РМ; проф. д-р Методи Хаџи Јанев, вонреден професор по правни науки при Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“ во Скопје; проф. д-р. Зоран Иванов, член на меѓународниот оддел за претприемништво при TOBB ETU и проф. д-р. Катерина Вељановска Блажевска, универзитетски професор, експерт за јавни политики и стратешки комуникации. Модератор на еден од панелите беше проф. д-р Анис Сефиданис, Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ Охрид, кој воедно имаше и други улоги во текот на програмата, како модератор на дискусија по организираната проекција на филм, презентација на првиот дигитален споменик во Македонија, кое воедно е негово дело, и др.
Модератори на овогодинешната 13-та Школа за млади лидери беа Даниел Ѓоќески, кој го предводеше онлајн делот од програмата, и Гордица Каранфиловска, која ја модерираше програмата во Охрид, а беше и во улога на предавач на школата оваа година. Модератор на свеченото отворање беше проф. д-р. Катерина Вељановска Блажевска, универзитетски професор и експерт за јавни политики и стратешка комуникација.
Како и досега, Школата за млади лидери на Претседателот Иванов е поддржан од приватниот сектор, а оваа година поддржувачи се компаниите; Хотел Инекс Олгица Охрид, ТАВ Македонија, Туркиш Ерлајнс, Делфино, Витаминка, Алкалоид, Петрол Оил, А1 Македонија, Кроациа Осигурување, хотел DoubleTree by Hilton Скопје, MNA-CA, Тиквеш, Скопска пивара, DMS, Комфи Ејнџел, Мотива и др.
Школата за млади лидери е иницијатива на претседателот Ѓорге Иванов која започна на почетокот на неговиот прв мандат. Првата Меѓународна обука за млади лидери се одржа во 2010 година. Оттогаш, во текот на досегашните 13 обуки, учествуваа околу 520 млади луѓе од земјата и од странство, со различен академски и професионален фокус. Пред дванаесетте генерации учесници на Школата за млади лидери, предавања одржаа над 270 реномирани предавачи од Република Македонија, Европа и светот. Во 2018 година, проектот Школа за млади лидери на Претседателот Иванов, е прогласен за најдобар социјално одговорен проект во Европа за 2017 година од страна на Светскиот инвестициски форум на бизнис ангели.
Иванов Школа за млади лидери | Ivanov School for Young Leaders
Foundation Alliance of Civilizations / Фондација Алијанса на Цивилизациите
Ivanov School of Leaders – Alumni Association (ISLAA)