Успешен 13. ден на 13-та Школа за млади лидери на Претседателот Иванов

13. ден на Школата за млади лидери, воедно и последниот ден од Школата беше резервиран за обраќањето на поранешниот Претседател на Чешката Република, Вацлав Клаус и за панел дискусија за разбирањето на концептите на безбедност во услови на социјални и технолошки промени.

Поранешниот Претседател на Чешката Република 2003-2013, Вацлав Клаус, пред учесниците говореше за своите ставови за ЕУ, политиките и стратегијата на Унијата.

Потоа, следеше третата панел дискусија на тема „Разбирање на концептот на безбедност во услови на вонредни општествени и технолошки промени“, чиј модератор беше проф. д-р Анис Сефиданис, Универзитет за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ Охрид, а панелисти беа асистент проф. д-р Зоран Иванов, Оддел за меѓународно претприемништво на Универзитетот ТОББ, Анкара; асистент проф. д-р Методи Хаџи Јанев, вонреден професор по меѓународно право, Воена академија „Генерал Михајло Апостолски“, Скопје; Проф. д-р Катерина Вељановска Блажевска, универзитетски професор, експерт за јавни политики и стратешки комуникации.

Линк до објавата на ФБ на Школата

Leave A Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *