Успешен 11. ден на 13-та Школа за млади лидери на Претседателот Иванов

11. ден од Школата за млади лидери на Претседателот Иванов започна со предавањето кое го одржа д-р Сани Шенер, заменик претседавач на TAV Airports и претседавач на TAV Construction. Тој со учесниците ги сподели своите менаџерски практики и искуствата од областа во која работи. Учесниците имаа прекрасна можност да научат многу за лидерството токму од д-р Шенер кој зад себе има навистина успешна кариера. Д-р Сани Шенер е долгогодишен предавач на Школата за млади лидери и секогаш е високорангиран од страна на учесниците.

Потоа, се одржа панел дискусија на тема „Моралното лидерство инспирирано од вера” кое беше модерирано од д-р Коста Милков, претседател на Балканскиот институт за вера и култура. Како панелисти пред учесниците се обратија проф.д-р. Али Пајазити, професор на Североисточниот Европски Универзитет во Тетово, почесниот канон Чарлс Клеверли, поранешен ректор на Св. Алдејтс на Оксфорд и проф. д-р Милан Џорџевиќ, професор на Богословскиот факултет во Скопје. По обраќањето на панелистите се разви интересна дискусија иницирана од прашања од учесниците.

Попладнево учесниците на Школата за млади лидери присуствуваа на тренингот за лидерство кој беше спроведен од МОТИВА, од страна на Зоран Костовски и Ранко Безар, па имаа можност преку интерактивни вежби да ја истакнат својата креативност и лидерските способности.

Линк до објавата на ФБ на Школата

Линк до објавата на ФБ на Школата

Leave A Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *