Евалуација на проектната задача за групна работа – „Развој на дигитални решенија за промоција и зголемена поврзаност на градот Охрид“
Претставувањето на проектите од страна на учесниците на проектната задача на тема „Развој на дигитални решенија за промоција и зголемена поврзаност на градот Охрид“ како туристичка дестинација се одржа вечерта на 27 септември.
Членови на Комисијата за евалуација беа Претседателот на Република Македонија 2009-2019 д-р Ѓорге Иванов, градоначалникот на Охрид г. Кирил Пецаков, генералниот директор на Хотел Инекс Олгица г-а Андреа Илоска, проф. д-р Анис Сефиданис од Универзитетот Св. Апостол Павле во Охрид и проф. д-р Викторија Трајков, која беше ментор на проектната задача и им даваше насоки на групите за успешно развивање, дизајнирање и презентирање на нивните проекти.
Успешните проекти покажаа колку труд и љубов вложиле учесниците низ процесот на креирање. Навистина беше задоволство да се види тимската работа и плодот од истата.
За најдобар проект беше прогласен проектот UNLOCK OHRID, а победниците беа награден со бесплатен викенд за целиот тим во хотелот Инекс Олгица.
Линк до објавата на ФБ на Школата