Успешен 10. ден на 13-та Школа за млади лидери на Претседателот Иванов

Денеска учесниците на Школата за млади лидери, заедно со поранешниот Претседател Иванов беа во посета на Општина Охрид. Пред присутните се обрати Градоначалникот на Охрид, г. Кирил Пецаков, кој ги поздрави учесниците и им посака успешна работа и ги охрабри да продолжат и понатаму да се надградуваат на секое поле.

Потоа, членови на Алумни Асоцијацијата на Школата за млади лидери на Претседателот ИвановИСЛАА ги презентираа активностите кои ги имаше оваа организација во изминатиот период. Тие ја потенцираа важноста на вмрежувањето на младите луѓе од различни профили од целиот свет, кое всушност е и целта на постоењето на оваа Школа за млади лидери.

Денот продолжи со посета на дигиталниот споменик на Григор Прличев, поставен во центарот на Охрид, а го презентираше неговиот креатор, проф. д-р. Анис Сефиданис. Потоа учесниците имаа можност и за кратка прошетка низ градот.

Во попладневните часови учесниците го следеа предавањето на г-ѓа Гордица Каранфиловска кое беше посветено на лидерството и неговите карактеристики и кое поттикна многу прашања од страна на учесниците кои беа одговорени со особено внимание.

Потоа следуваше работата во групи водена од проф. д-р Викторија Трајков која успешно ги менторира учесниците во процесот на креирање на проектите кои ќе бидат презентирани и оценети во текот на утрешниот ден.

Линк до објавата на ФБ на Школата

Leave A Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *