Успешен 9. ден на 13-та Школа за млади лидери на Претседателот Иванов

После онлајн делот на овогодинешната Школа за млади лидери, програмата продолжи да се реализира во живо, во хотелот Инекс Олгица во Охрид и истата ќе трае до 30 септември 2022 година.

Учесниците денес имаа можност да следат три предавања од двајца професори од Универзитетот Тајлер во Тексас, проф. д-р Томас Гудерјан и проф. д-р Роберт Стеркен. Третото предавање го одржа г. Кордел Картер II од Институтот Аспен.

Професорот Гудерјан од одделот за општествени науки и професор по Антропологија на Универзитетот Тајлер во Тексас, со своето предавање и со темелната презентација успеа да предизвика интерес кај учесниците за голем број прашања на кои одговори со посебно задоволство.

Предавањето на професорот Стеркен, професор по Политички науки, на тема: „Морални убедувања во политиката“, отвори голем број на прашања за тоа што треба да поседува моралниот лидер во денешницата. Ги објасни принципите на моралното лидерство и посочи позитивни примери од современието, надоврзувајќи се на развиените теории за лидерство. Заедно со учесниците ги обработуваа основните начела до кои модерниот лидер би требало да се придржува за да го добие предзнакот “морален”.

Предавањето кое го одржа Кордел Картер беше всушност неговата лична приказна, личните искуства низ кои тој самиот поминал. Споделувајќи го својот пример, тој посочи карактеристики кои моралниот лидер би требало да ги поседува.

Линк до објавата на ФБ

Leave A Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *