Успешен 5. ден на 13. Школа за млади лидери на Претседателот Иванов
Предавањето се одвиваше на платформата Zoom. За модерирањето на сесијата беше задолжен Даниел Ѓоќески.
На огромно задоволство на организаторите и на учесниците, денешен гостин на Школата за млади лидери беше Денис Илиќ, претседателка на Ilich Enterprises во САД, а беше избрана и за највлијателна жена за 2021 година. Нејзините родители се по потекло од Македонија, па така, со задоволство ја сподели својата фамилијарна приказна, зборуваше за нејзините македонски корени, за тоа како се развивала, колку важно било образованието за тоа што е таа денес и за тоа колку и била важна поддршката од најблиските во целиот нејзин живот.
Претседателот Иванов со големо внимание го ислуша нејзиното обраќање и го изрази своето огромно задоволство што таа денес им се обрати на учесниците на Школата.
Денис Илиќ успеа да ги инспирира учесниците да и постават многу креативни и корисни прашања на кои добија соодветни одговори и совети.
Линк до објавата на ФБ на Школата за млади лидери