Успешен 4. ден на 13. Школа за млади лидери на Претседателот Иванов

Предавањето се одвиваше на платформата Zoom. За модерирањето на сесијата беше задолжен Даниел Ѓоќески.

Учесниците ја имаа честа да им се обрати и да го сподели своето искуство со нив, амбасадорот Зоран Дабиќ. Тој, своето богато дипломатско искуство, успеа да го преточи во интересно предавање за учесниците на Школата. Ги пренесе своите искуства од својот долгогодишен ангажман и сподели свое мислење за повеќе различни теми. Потенцираше колку е важно моралното лидерство токму во дипломатијата и колку е истото неопходно во овој момент. Исто така, на огромно задоволство на учесниците, успеа да одговори на многубројните нивни прашања поврзани со неговотo излагање.

Линк до објавата на ФБ на Школата за млади лидери

Leave A Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *