| ЗА НАС

| ЗА НАС

ШКОЛА ЗА МЛАДИ ЛИДЕРИ

Школата за млади лидери е проект на Претседателот на Република Македонија 2009-2019, д-р Ѓорге Иванов, за прв пат инициран уште во неговата прва изборна програма, следејќи ја неговата идеја и визија да им се овозможи на младите, талентирании амбициозни луѓе од Македонија, но и од странство, да се стекнат со нови знаења, да ги надградуваат и усовршуваат своите вештини, да ја развиваат својата креативност и менаџерски способности. Школото за прв пат беше организирано во август 2010 година во Охрид.

МИСИЈА НА ШКОЛАТА

Мисијата на школата, е да ги стимулира позитивните вредности кај младите лидери и идни политички, културни и економски предводници на нашата земја, но и да го развие нивниот капацитет за справување со предизвиците на глобалната технологија, меѓународната конкуренција, и културната и религиска диверзификација.

МЕЃУНАРОДНО ПРИЗНАНИЕ

Во февруари 2018 година, Школата за млади лидери е прогласена за најдобар социјално одговорен проект во Европа за 2017 година од страна на Светскиот инвестициски форум на бизнис ангели.

WBAF_Cover

ТЕМИ
НА ШКОЛАТА

Темите на школите се менуваат од година во година, од предизвиците на лидерството, старт ап бизнис и претприемништво, женско лидерство, 4-та индустриска револуција,
лидерството во услови на глобални кризи, лидерство во акција, морално лидерство, едукација-трансформација-лидерство и др.
Програмата опфаќа предавања и обуки во сферите на лидерството и менаџментот од страна на еминентни предавачи и гости од врвни образовни и професионални
институции, политичари и парламентарци од европски земји, амбасадори, министри, претседатели на успешни компании и бизнис групации.

НАШИТЕ
УЧЕСНИЦИ

Вкупно, во досегашните четиринаесет обуки, учествуваа околу 550 млади луѓе од целата земја, но и од странство, со различен академски и професионален фокус, а со желба да ги развиваат своите лидерски вештини и капацитети,
и да придонесат за идниот позитивен развој на општеството и околината во која живеат и работат. Пред четиринаесетте генерации учесници
на Школата за млади лидери свои предавања одржаа околу 350 реномирани предавачи од
Република Македонија, Европа и светот.

НАШИ ПОДДРЖУВАЧИ

Школата за млади лидери на Претседателот Иванов целосно се финансира од домашни и од меѓународни компании преку донации. Приватниот сектор игра клучна улога во поддршката на спроведувањето на овој проект. Низ годините, Школата ја поддржуваа разни спонзори, додека некои ја потврдуваат својата поддршка за Школата секоја година.

КО-ОРГАНИЗАТОРИ

Школата за млади лидери на Претседателот Иванов секоја година заеднички ја организира Организацискиот тим на Школата. Членови на Организацискиот тим се претставници од Кабинетот на поранешниот претседател Иванов, Меѓународниот центар Алијанса на цивилизации и Алумни Асоцијацијата на Иванов Школа за млади лидери ИСЛАА.

FB-Cover-Photo-Post-1080×1080-120922

Тим на Школа за млади лидери на Претседателот Иванов

Alumni

Иванов Школа за млади лидери Алумни Асоцијација ИСЛАА

ICAC LOGO email

Меѓународен центар Алијанса на цивилизациите

cropped-LOGO_SIMGLE.png

Кабинет на Претседателот на Република Македонија 2009-2019, д-р Ѓорге Иванов

ЗОШТО ДА ДОНИРАШ?

Со донирање за проектот Школа за млади лидери на Претседателот Иванов инвестирате во лидерите на утрешниот ден. Вашиот придонес директно влијае на животите на младите поединци, обезбедувајќи им квалитетна образовна програма, менторство и разни вредни вештини. Со вашата поддршка, можеме да ги негуваме нивните таленти, да ја изградиме нивната доверба и да ги инспирираме да имаат позитивно влијание врз нивните заедници и светот.

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ во создавањето на посветла иднина на идните лидери. Заедно можеме да ги зајакнеме и да го отклучиме нивниот целосен потенцијал.

ВИ БЛАГОДАРИМЕ за вашето внимание.

КАКО ДА ДОНИРАШ? Вашата великодушност може да направи разлика. За да придонесете за нашата кауза, ве молиме контактирајте не со пишување во контакт формуларот подолу.

     

    ©2022 Претседател на Република Македонија 2009-2019, д-р Ѓорге Иванов | Школа за млади лидери | Сите права задржани.