Ден 5 – Свечено отворање на програмата на Школата во Охрид

На петтиот ден од програмата, со свеченото отварање во хотел Инекс Олгица во Охрид, започнаа сесиите во живо на 14-та Школа за млади лидери.

Поранешниот претседател на Република Македонија, проф.д-р Ѓорге Иванов свечено ја отвори Школата и им посака добредојде на младите лидери во Охрид. Тој им посочи на младите лидери никогаш да не губат надеж и трпение и секогаш да размислуваат позитивно, да бидат подготвени континуирано да се едуцираат и развиваат, а тоа можат да го постигнат со самокритика, самодоверба и саморефлексија. Им посака да стекнат нови пријателства, нови лидерски вештини и нови знаења кои ќе ги подготват полесно да се соочат со предизвиците на нивниот животен пат.
По поздравното обраќање, поранешниот претседател на Претседателството на Босна и Херцеговина, проф. д-р Младен Иваниќ, зборуваше за лидерството, за одлуките што треба да ги донесат и дека истите тие одлуки нема секогаш да бидат прифатени од другите, но тоа е карактеристика на вистинските лидери.

Други објави

Ден 11 – Предавање, програма посветена на 100-годишнината на Турската

На единаесеттиот ден од Школата за млади лидери на претседателот Иванов, програмата се содржеше од предавање, програма посветена на 100-годишнината од Турската Република и Ораторска…