Ден 3 – Онлајн предавање
Третиот ден од Школата за млади лидери на претседателот Иванов, учесниците имаа можност да присуствуваат на онлајн предавање.
Третиот ден од 14-тата Школа за млади лидери на претседателот Иванов беше резервиран за онлајн предавањето на проф. д-р Александра Креглер, доцент на Катедрата за социологија на Универзитетот во Тексас – Тајлер во САД.
Со своето инспиративно излагање пред учесниците, проф. Креглер успеа да ги долови сите социолошки аспекти на лидерството, однесувањето на лидерите, влијанието што тие го имаат и треба да го имаат во општеството, како и вредностите и карактеристиките кои ги карактеризираат вистинските лидери.
Поранешниот претседател на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, минатиот месец при посетата на Универзитетот Тексас-Тајлер во САД, потпиша Договор за разбирање и соработка помеѓу Школата за млади лидери и Универзитетот Тексас-Тајлер. Во таа насока, ќе има уште неколку предавања од други професори од овој Универзитет, а на Школата учествуваат и неколку студенти.
Други објави
Извештај и евалуација на 14-та Школа за млади лидери
Прочитајте го нашиот детален извештај и евалуација на 14-тата Школа за млади лидери на Претседателот Иванов и разгледајте ги клучните моменти, влијателните предавања и интересните…
14-та генерација на Школата за млади лидери
14-та генерација на Школата за млади лидери Честитки за 38-те учесници кои успешно ја завршија програмата за збогатување на 14-та Школа за млади лидери! Нивната посветеност ги…
Свечено затворање на 14-та Школа за млади лидери
Четиринаесеттото издание на Школата за млади лидери на претседателот Иванов се одржа од 7 до 19 октомври 2023 година, во хибриден формат со онлајн и…
Ден 12 – Завршни предавања на 14-та Школа за млади
На завршниот ден од Школата за млади лидери на претседателот Иванов, пред завршната церемонија, учесниците имаа три предавања и една сесија за впечатоци. Учесниците имаа задоволство…
Ден 11 – Предавање, програма посветена на 100-годишнината на Турската
На единаесеттиот ден од Школата за млади лидери на претседателот Иванов, програмата се содржеше од предавање, програма посветена на 100-годишнината од Турската Република и Ораторска…
Ден 10 – Предавања и презентација на задачата за групна
Десеттиот ден на Школата за млади лидери на претседателот Иванов имаше четири сесии, од кои три предавања и една презентација на задачата за групна работа. Денот…