Програма и учесници – 14-та Школа за млади лидери

Конкурсот за аплицирање беше објавен на профилите на социјалните мрежи на претседателот Иванов и на Школата за млади лидери на 31 мај 2023 година и остана отворен до 21 јуни 2023 година. Над 50 млади се пријавија и најголемиот дел од нив ги исполнуваа условите за аплицирање согласно доставените документите наведени во конкурсот кои вклучуваа препораки, CV, диплома и есеј на општата тема „Образование – трансформација – лидерство“ (на англиски, до 500 зборови). Дополнително, предност во процесот на селекција имаа кандидатите со просечен успех на високо образование еднаков или поголем од 8,5 (или еквивалентно ако дипломата е стекната во странство), работно искуство и магистерски студии во соодветната област. Одлично познавање на англискиот јазик е неопходно, бидејќи англискиот јазик е работен јазик на Школата.

Процесот на селекција на кандидатите го спроведоа претставници на Кабинетот на поранешниот претседател Иванов, Меѓународниот центар Алијанса на циливизациите и Алумни Асоцијацијата на Школата за млади лидери – ИСЛАА.. 41 кандидат кои беа избрани да учествуваат на 14. Школа за млади лидери беа од различни образовни и професионални средини. Сите тие споделуваа заедничка волја и подготвеност да учат и да ги развијат своите лидерски вештини.

Апликантите беа информирани за селекцијата да бидат учесници на 7 август 2023 година и им беше испратена е-пошта за прифаќање со информативен пакет кој ја содржи Програмата, Кодексот на однесување, Брошурата за учесниците со информации за програмата, предавачите и кратки информации за секој учесник итн.


Други објави

Ден 11 – Предавање, програма посветена на 100-годишнината на Турската

На единаесеттиот ден од Школата за млади лидери на претседателот Иванов, програмата се содржеше од предавање, програма посветена на 100-годишнината од Турската Република и Ораторска…